Во групата влегуваат и хонорарците чии хонорари надминуваат 16 200 евра на годишно ниво. Буџетските приходи од ДДВ се водечи во структурата на даночните приходи, односно од ДДВ се обезбедуваат скоро 50% од вкупните даночни приходи. Од Управата за јавни приходи велат дека се спроведува законот. Но, зошто УЈП посегна по вакво оданочување, што предвидуваат законите и какви се казните?
„Агресивно “ толкување на законите?!
Законите не се променети, но се промени дефиницијата за “стопанска дејност“ што практично сосдаде можност и физичките лица – граѓани кои заработувата над 1 милион денари годишно од авторски договори, договори на дело и членства во управни одбори, оценуваат економистите.
„За расчистување на „маглата“ дека токму прагот на регистрација е основната причина за вклучување на граѓани во системот на ДДВ, напоменуваме дека во минатото кога овој праг изнесуваше 2 милиони денари, а потоа и 1,3 милиони, исто така беше надминуван од страна на некои граѓани, но тие не беа вклучувани во системот на ДДВ. Дали, даночниот орган тогаш бил неук или намерно нанесувал штета на буџетот на РМ? Ќе има ли последици за претходниците што „лошо“ го читале законот? Нагласуваме дека дефиницијата на категоријата „даночен обврзник“ за целите на ДДВ не е променета од првиот ден на примената на Законот за ДДВ (1 април 2000 година) до денес.“ – вели за Portalb.mk економистот, претседател на Здружението на даночни експерти, Павле Гацов.
Ако се анализира структурата на буџетот, ДДВ е еден од носечките даноци од кој се обезбедуваат и најголем дел од даночните приходи. Така, лани по овој основ во државната каса се слеале 770 000 евра што преставува скоро 50% од вкупните даночни приходи. Сега, во полн ек е поднесувањето на Годишни даночни пријави од страна на граѓаните. Од УЈП велатд ека годинава очекуваат околу 400 000 граѓани кои ќе пријавата доплнителни приходи. Сметаат дека однаочувањето со ДДВ е законски утврдено.
„Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33, 34 и 35 од Законот за ДДВ.“ – објаснуваат од Управата за јавни приходи.
Со оданочување на физичките лица ( со промет над 1 милион денари) се регрутираат нови даночни обврзници, коментираат експертите и оценуваат дека примената на законското решение има недоречености и слободни толкувања.
„За некој да стане ДДВ обврзник најпрво мора да врши стопанска дејност, опфатот пак на дефиницијата за вршење стопанска дејност е проширена со толкувања на даночниот орган според кој граѓаните треба да се регистрираат за ДДВ доколку остварат оданочив промет поголем од 1 милион денари во една година. При тоа приходите остварени по основ на закупнини, договор на дело, но и авторски хонорари дури и надомести остварени по основ на членства во надзорни одбори се објаснуваат како вршење на стопанска дејност. Со регистрацијата за ДДВ овие граѓани ќе плаќаат два данока – персонален данок на доход и ДДВ, притоа основата за пресметување на ДДВ ја сочинува нето примањето зголемено за данокот на доход. На пример, за остварениот приход од закупнини се оданочуваат и граѓаните на Република Српска под услов да го надминат прагот за регистрација за ДДВ од 56.000 КМ на годишно ниво“ – вели за Portalb.mk економистот Гацов.
Инаку, според законските решенија, даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, односно спаѓаат производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел остварување на приходи, вклучувајќи ги дејностите од областа на рударството, земјоделството и шумарството, како и отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење. Во оваа група спаѓаат и приходите остварени по основ на закупнини, но сега и по основ на договор на дело, но и авторски хонорари дури и надомести остварени по основ на членства во надзорни одбори се објаснуваат како вршење на стопанска дејност.
„Воведување на граѓаните во системот на ДДВ на мала врата Наведувајќи дека намалениот праг за регистрација на 1 милион денари оданочив промет е главната причина за вклучување на граѓаните во системот на ДДВ, даночниот орган отвори процес на тнр. „агресивно“ толкување на Законот за данокот на додадена вредност, без да се сменат одредбите на Законот.“ – оценува економистот Гацов.
Доколку граѓаните – физички лица досега не се пријавиле како ДДВ обврзник, според законските решенија се предвидени и казни.