Јанева: Ќе поднесам тужби за оние кои ќе му наштетат на СЈО

Сподели

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева најави тужби и претставки за за секоја повреда на законите која ќе биде направена на нејзина штета и на штета на ова јавно обвинителство, пренесе 24 Вести.

Според неа, иако СЈО ги брани интересите на граѓаните, сепак одредени институции и индивидуи вработени во институциите „тоа не го прифаќаат или сметат дека за нив не важат законите во Република Македонија“.

„Нашиот пристап секогаш бил и ќе биде професионален, па и покрај нашите обиди да воспоставиме однос на соработка со сите институции и поединци вработени во институциите, сепак тоа не се случи, од кои причини повторувам дека ќе бараме ваквото однесување да биде санкционирано во рамки на законските прописи“, изјави Јанева најавувајќи го новиот случај кој го отвори СЈО „Труст“.