Сите лидери, вклучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од последните избори, напиша еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан на неговиот профил на „Твитер“ по денешната одлука, претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на Влада.
Во однос на последните случувања во Македонија – сите лидери, вкучувајќи го и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешнтие избори. Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено дури и ако тоа не му се допаѓа. Оттука, очекувам сите лидери и институции, во интерес на граѓаните да дозволат да течат демократските процеси, напиша Хан на Твитер.