Студентскиот филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion), на филмската академија ќе се одржи во Охрид од 9 до 12 овој месец.
Фестивалската програма предвидува проекции на филмови, работилници и мини концерти, со учество на авторски трудови на студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „ЕСРА“ и „ФДУ“ од Скопје, Тетовскиот универзитет „Хасан Приштина“ од Косово, „ФАМУ“ од Чешка, „ФДУ“ од Цетиње од Црна Гора, Универзитетот „Јашар“ од Турција и „Национална академија за театар и филм од Бугарија.
Официјалното отворање на фестивалот е предвидено за в четврток во 19. часот со проекција на филмот „90 Minutes – Berlin Project” на Иво Трајков, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.