Јолевски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Сподели

-Безбедносната состојба во земјава е стабилна, оцени денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип.

– Безбедносната состојба во Република Македонија е на високо ниво, и е стабилна. Ние како Армија и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме – вели Јолевски.

Министерот за одбрана Јолевски денеска ги посети припадниците на Вториот механизиран пешадиски Баталјон и изврши увид во техничко – материјалната подготвеност на единицата во Штип.