Неизвесно е одржувањето на локалните избори, откако рокот истече

Сподели

Синоќа на полноќ истече последниот рок за распишување на локални избори. Ниту една од партиите не поднела барање за свикување на конститутивна седница, а тоа не го направи ниту екс претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, кој сè уште менаџира со работата на Собранието, ниту пак новото парламентарно мнозинство.

За да се одржат изборите во првата половина на мај, парламентот треба да ја продолжи конститутивната седница и да се избере претседател на Собранието кој треба да ги распише изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат нови брзи предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со локалните, додек од СДСМ пак бараат најпрвин претседателот Иванов да им го додели мандатот за да може да се нормализира работата на институциите вклучително и на Собранието. Од ДУИ на ставот дека изборите треба да се одржат. Извесно останува само дека изборниот законик ќе мора да се смени – за тие да се одложат или пак да се скратат роковите – опција што неофицијално е можна.