СПАСОВСКИ: Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада

Сподели

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ
Скопје, 07.03.2017

Почитувани,

Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на парламентарното мнозинство од 67 пратеници предводено од СДСМ.

Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот.

Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните.

Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања.

Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија.

Токму поради ова Груевски беше поразен на 11 декември од огромно мнозинство од 700 илјади граѓани.

Граѓаните избраа да живеат заедно. Го избраа концептот едно општество за сите. Не сакаат поделби. Не сакаат изолација. Не сакаат нови избори.

Сакаат повисока минимална плата и зголемување на просечната плата, квалитетно образование и здравство, држава во служба на граѓаните и правда за сите!

Промените започнаа и ниту Груевски, ниту Иванов нема да ги спречат! Македонија ќе ја добие новата Влада предводена од Зоран Заев.