Реакција на општина Охрид по соопштението од “Охрид СОС”

Сподели

„Во врска со определени соопштенијата кои се појавија во некои медиуми, а се однесуваат на донесувањето на Општиот акт за Лагадин и издаденото одобрение за градба на Хотелски комплекс во населба Лагадин, Општина Охрид во целост останува на искажаните ставови од прес конференцијата одржана на ден 27.12.2016 година, каде на јавноста и беа презентирани сите документи кои се составен дел од постапката.

Уште еднаш повторуваме дека целокупната постапка за донесување на Општиот акт за Лагадин и издавањето на одобрението за градба на хотелскиот комплекс во населба Лагадин се водени во согласност со законски пропишаната процедура предвидена во Законот за градење и во Законот за просторно и урбанистичко планирање“, се вели во реакцијата на Општина Охрид на соопштението на од НВО Охрид СОС.