СДСМ: Програмата на новата реформска Влада ја штити унитарноста и еднаквоста на сите граѓани

Сподели

„Програмата на новата реформска Влада која ќе донесе промени во Македонија е единствената реална платформа која ја гарантира унитарноста, слободата, демократијата и еднаквоста на сите граѓани.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се единствените што ги издават државните и национални интереси на граѓаните на Република Македонија преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и меѓународната демократска јавност за да го заштитат криминалот, да се спасат од одговорност и да спречат мирен трансфер на власта.

Ниту една закана, ниту едно прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските процеси кои се случуваат. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите на системот“ се вели во соопштението на СДСМ.