Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одржи своето 50. Годишно собрание.
Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2016 и 2017 година“ ќе поднесе академик Таки Фити, претседател на Академијата.
На Собранието ќе бидат усвоени Извештајот за работата на МАНУ во 2016 година и Програмата за работа на МАНУ во 2017 година.