Пакистанскиот главен раководител на пописот истакна дека во земјата започнал попис на населението и имотот, за првпат по 19 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Асиф Баџва рече дека пописот започнал денес, и дека би требало да биде завршен до 15. мај. Тој ги повика сите граѓани да соработуваат со попишувачите. Додаде дека во пописот ќе бидат вклучени авганистанските бегалци, дипломатите, а за првпат и трансродовите лица.
Околу 200.000 војници ќе ги придружуваат попишувачите, кои ќе одат од врата до врата и ќе собираат податоци за населението и имотот.
Исламабад последниот попис го спроведе во 1998 година, кога е регистрирана бројност на населението од околу 180 милиони. Аналитичарите сметаат дека оттогаш бројот на населението на Пакистан се зголемил на 200 милиони.