СЈО со извештај: Oтворени нови 14 предистражни постапки

Сподели

Специјалното јавно обвинителство денеска го обелодени третиот шестмесечен извештај за својата работа. Со оглед на фактот дека сè уште не е конституирано Собрание, СЈО, според практиката, извештајот го достави до Советот на јавни обвинители, пренесе 24 Вести.
Во извештајот стои дека СЈО во последните 6 месеци биле отворени 14 нови предистражни постапки, и доколку се земат предвид 54 предистражни постапки отворени од неговото формирање, па заклучно со вториот извештаен период, во моментот во работа има вкупно 68 предмети кои се во фаза на предистражна постапка.
Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи итн.