ХОЛАНДИЈА: Либералната партија на премиерот Марк Руте освои најмногу места на парламентарните избори

Сподели

Либералната партија на премиерот Марк Руте освои најмногу места на парламентарните избори кои вчера се одржаа во Холандија.

Крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место по број на освоени гласови, покажуваат анкетите по излегувањето на избирачите.

Според анкетите, партијата на Руте освоила 31 од 150 места во парламентот, а партијата на Вилдерс би требало да има 19 пратеници.

Резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекуваа во Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава.