Груевски ја прифатил албанската платформа во владин документ во 2015 година

Сподели

 

Платформата на ДУИ за албанските прашања не е новост за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, открива НОВАТВ користејќи се со официјалните документи објавени на страната на Владата. Не само што не е новост, туку од позиција на премиер Груевски во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта.

Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ.

Сите услови кои лидерот на ДУИ,Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.

Темите за кои се донесени заклучоци и насоки се: децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20% во населението.

Тоа значи дека употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година. Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува:

„Да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор.“

Целата сторија на НОВА прочитајте ја на овој линк