Општина Центар ги запрe градежните работи на кејот

Сподели

Решение за стопирање на сите градежни активности на кејот издаде овластен градежен инспектор, соопштуваат денеска од Општина Центар, бидејќи како што велат на градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор и нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи како што пропишува законот, наведуваат од општината на нивната веб страница.

Ваквите информациите доаѓаат откако вчера се случија незадоволства откако беше објавено дека започнува изградбата на улица на Кејот „13 Ноември“, од хотелот „Холидеј ин“ до новата зграда на „Телеком“ која треба да минува кај летните тераси на угостителските објекти.

Овластен градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, излезе на терен за да ја констатира фактичката состојба со почетокот на градењето на улицата на кејот на Вардар, со решение на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, издадено на 31.12.2016-та година.

Претходно од Општина Центар го повикаа и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на пристапната улица кај кејот на Вардар.