ФСП до Груевски: Приказната „после тебе потоп“ е смешна и не вродува со плод

Сподели

„Форумот на слободоумни патриоти најжестоко реагира на обидот на лажниот патриот Никола Груевски да се скрие зад партијата и зад народот“, соопштуваат денеска од Форумот на слободумните патриоти.

Сакаме јавно да го прашаме лажниот патриот Груевски каде беше да мисли на народот, кога:

• Илјадници млади луѓе се иселуваа од Македонија додека тој за џабалак купуваше плацеви на Водно!

• Во континуитет беа казнувани граѓаните од разни разни инспекци!

• Се собираа пари за да се лекуваат стотици деца и млади луѓе, додека тој градеше непотребни и нефункционални објекти како панорамското тркало!

• Жестоко се пресметуваше тој и неговите полтрони со политичките неистомисленици!

• Се дозволија 30000 рамковни вработувања, луѓето седат дома и земаат плата без ништо да работат, а сето тоа го плаќа народот!

• Се амнестираа Хашките случаи, злосторства против Македонци од 2001 година!

• Се вршеше жесток притисок врз докторите и просветните работници кои си ги бараа своите права! итн.

Списокот на злосторства против својот народ е долг!

Ги повикуваме Никола Груевски да си даде неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ и да дозволи низ еден демократски процес да се избере ново раководство, раководство кое ќе нема никаква допирна точка со него и врхушката и нема да има хипотеки од злосторствата кои тие ги правеле.

За крај сакаме да му укажеме на Никола Груевски дека приказната после него потоп е смешна и не вродува со плод, Македонија и Македонскиот народ поминале низ многу премрежја и на крај секогаш успевале да се изборат за своите права и слободи!“, се вели уште во соопштението на ФСП.