Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во 12 часот треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство.
Наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи и начинот на финансирањето на партијата, се предмет на истрага.
Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство и дека ќе се докаже невиноста.