ИЗЈАВИ: КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ – Потребно е брзо формирање влада, земјата не може премногу да чека

Сподели

-“Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада. Секој очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција како и другите европски земји секогаш ќе биде на нејзина страна.”

– “Сметам дека денешните политичари ќе бидат на ниво на сите претходници низ историјата кои покажале како може да се работи заедно и со жртвување за општото добро помогнале за создавање на оваа земја”.

Кристијан Тимоние