Велика Британија следната недела го започнува процесот „Брегзит“

Сподели

Членот 50, со кој официјално ќе започне процесот (Брегзит) за излегување на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), ќе биде активиран на 29. март, јавува Anadolu Agency (AA)

Во писменото соопштение од Министерството за Брегзит, се вели дека постојаниот претставник на Британија за ЕУ му соопштил на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, оти членот 50 според Лисабонскиот договор, ќе биде активиран на 29. март.

Британската Влада претходно соопшти дека има за цел да го стави во сила членот 50 пред крајот на овој месец.

По активирањето на членот 50, според кој се регулира излегувањето на државите-членки од ЕУ, официјално ќе започнат преговорите за излез на Британија од Унијата, а државата ќе ја напушти Унијата во рок од 2 години.

На референдумот, кој се одржа минатата година во Велика Британија, 52 процента од народот гласаше за Брегзит.