Трамп потпиша Закон за финансирање на НАСА

Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го потпиша предлог-законот за финансирање на американската вселенска агенција НАСА, во која се наведува дека една од целите е истражување на Марс и испраќање на мисија, пренесе Алсат М.

Со Законот се одобрува буџет за НАСА, за 2017 финансиска година, што почнува на први октомври, во висина од 19,5 милијарди долари.

Неодамна Трамп испрати до Конгресот предлог за 2018 година НАСА да добие 19,1 милијарди долари.

Со Законот се одобрува и продолжување на работата на Меѓународната вселенска станица до 2024 година.