Заев денеска се појави во ЈO во врска со сомневања за финансирање на изборна кампања

Сподели

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави во Јавното обвинителство во врска со сомневања за финансирање на изборна кампања. Заев вели дека во случајот осомничени се – тој, еден вработен во партијата и СДСМ како политички субјект. Денеска им се презентираат доказите кои ги има Обвинителството против нив, а врз основа на тоа, како што вели Заев, тие ќе ја подготват нивната одбрана.

„Се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна“, вели Заев.

Тој вели дека партијата работеле законски и на транспарентен начин, а партијата е пример за сите други политички партии за организирање кампања.