СЈО најави прес-конференција за утре во 11 часот

Сподели

Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за утре, (23 март), во 11 часот.

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, се вели во најавата на СЈО на „Твитер“.

Специјалното јавно обвинителство на 28 февруари ја отвори истражната постапка „Труст“, за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Во врска со овој случај, распишана е меѓународна потерница за бизнисменот Сеад Кочан, кому му е одреден притвор.

meta.mk