Акција „Час на планетата Земја“ – 26.март

Сподели

Со исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и Охрид утре по осми пат Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.

Осветлувањето во Македонија ќе биде исклучено во 20:30 часот по локално време во период од еден час кога во мрак ќе бидат над 178 земји и 7.000 градови во светот.

Организаторот на овој настан во Македонија информираат дека поради актуелната ситуација во државата, годинава ќе бидат исклучени само одредени локации во Скопје и Охрид.

Поради актуелната сеопфатна ситуација во државата, која за жал има влијание и врз граѓанскиот сектор, оваа година решивме да го намалиме интензитетот на акцијата и да организираме само исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и Охрид, а останатите активности кои ги планиравме ќе бидат распределени во текот на годината, се истакнува во соопштението.

Со симболичното исклучување на осветлувањето, милиони луѓе ширум светот ќе испратат порака за спас на планетата Земја.