Судската администрација од Охрид ќе излезе на протест доколку не им се зголемат платите. Бараат редовни и повисоки плати како што добија судиите и обвинителите, јавува 24 Вести.
Не се задоволни од актуелниот статус и третман. Охридските судии остро реагираат на покачувањето на платите на јавните обвинители и велат дека подолг временски период се дискриминирани од првите луѓе на обвинителството.