ЛДП: Македонија нема алтернатива за Европската Унија

Сподели

Соопштение на ЛДП:

ldp3

Денес се навршуваат 60 години од потпишување на Римските спогодби, со кои освен Европската зедница за јаглен и челик и Евроатом, се основа и Европската економска заедница, која подоцна се трансформира во Европска унија.  И покрај бројните предизвици во овој период, Унијата изразна во силна економска и политичка заедница  на околу 520 милиони граѓани, во која основни вредности се почитувањето на човековите права и слободи, демократијата, градењето на мир и стабилност. Една од најзначајните економски практики на ЕУ е и заедничкиот европски пазар, каде што владее слобода на делување на граѓаните, на стоките, на услугите и на капиталот. ЕУ во овој шеесетгодишен период одигра значајна улога во градењето и одржувањето на на мирот и стабилноста во Европа.

По добивањето на кандидатскиот статус во 2005та година, кога последен пат имавме демократска влада, по доаѓањето на ВМРО ДМПНЕ на власт, нашата држава е заробена во кандидатски статус веќе 11 години. Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги закочи реформските процеси и интеграциските патишта кон ЕУ затоа што не и одговараше развој на демократските процеси и ограничувањето на самоволното и деспостското  владеење.

Денес, 60 години од заклучувањето на Римските спогодби, Либерално-демократската партија укажува дека за Македонија не постои друга алтернатива освен Европската унија. Државата и сите субјекти имаат за надоместување на огромен заостаток и многу работа за интезивно приклучување кон ЕУ.
Новата реформска влада која наскоро ќе биде формирана, во која ќе учествува и ЛДП, ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ, за и нашите граѓани непосредно ги уживаат бројните бенефити и вредности на Европската унија.