ИСТАНБУЛ: Фестивал на чоколади, слатки и колачи

Сподели

Тортите во форма на американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, Формула 1 возачот Михаел Шумахер и пејачот Боб Марли најмногу го привлекоа вниманието на посетителите.

Во Воениот музеј во Истанбул почна Фестивалот на чоколадо, слатки и колачи, кој во Турција се одржува за прв пат, јавува Anadolu Agency (AA).

На Фестивалот, кој се одржува под покровителство на организацијата “Фло”, изложени се најновите производи на компании за производство на чоколадо, слатки и колачи.

Познатиот слаткари во Турција сo посетителите ги споделија тајните на најдобрите рецепти.

Тортите во форма на американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, Формула 1 возачот Михаел Шумахер и пејачот Боб Марли најмногу го привлекоа вниманието на посетителите.

Организаторот на фестивалот Орхан Сачиоглу рече дека целта на фестивалот е да бидат изложени што повеќе видови на колачи и чоколада, додавајќи дека во овој настан учество имаат 42 компании.

„Културата на чоколадото кај нас доаѓа од Запад. Целта е што повеќе да се развие културата на чоколадото. Чоколадото е за нас нешто многу вредно. Граѓаните кои го посетуваат фестивалот тука ќе бидат во можност да пробаат нови вкусови. Посетителите нема да сакаат да заминат од тука”, рече Сачиоглу.

Фестивал на чоколадо, слатки и колачи, кои се одржуваат во Турција за прв пат, ќе биде отворена до 26 март.