Состанок на Советот НАТО – Русија во четврток

Сподели

Русија за првпат оваа година ќе се состане в четврток, во Брисел, во обид да се надминат одредени разлики во ставовите, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

„По консултациите со членовите на Советот НАТО – Русија, свикав состанок на ниво на амбасадори“, се наведува во соопштението.

Последниот состанок на Советот е одржан на 19. Декември, во белгиската престолнина, каде што во фокусот беа ситуацијата во Украина и во Авганистан, како и воените активности.

Односите на релација НАТО – Москва се заострени по анексијата на Крим од страна на Русија во март 2014. година.

Кризата на истокот од Украина избувна не долго по крвавите протести во Киев, на кои беше соборен дотогашниот проруски претседател Виктор Јанукович.