https://youtu.be/DYUcbG2vKsI
Илија Димовски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ од собраниската говорница денеска рече дека ако се обезбедат гаранции да се распушти Собранието веднаш ќе биде избран претседател на парламентот кој ќе има единствена улога – да распише брзи локални избори и вонредни парламентарни.
Оливер Спасовски од СДСМ, пак, побара да се расправа за веќе утврдената точка на дневниот ред на собраниската седница – прво да се формира Комисијата за избори и именувања, да се конституира Собарнието, односно да се избере претседател и откако ќе се конституираат институциите на системот, да се отвори дебата за сите други прашања.
Зијадин Села: Не сум рекол дека Македонците се геноциден народ, Димовски е задолжен да пере мозок
Декларацијата на политичките партии ДУИ, Алијансата за Албанците и движењето Беса, онаа што вие го викате Тиранска платформа, сега ќе ја дадам на собраниските служби да ја преведат и да ви ја дадат за да прекинете да лажете, рече пратеникот Зијадин Села.
– Подготвен сум да одговорам за секоја точка, за секој детал од декларацијата, било да има интерес од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ. Сепак, мислам дека вашата цел не е да навлезете во суштината на оваа декларација – рече Села.
Тој му се обрати на Илија Димовски:
– Вие сте тој кој од канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ го подготвувате оваа перење на мозок. Вие извадивте од контекст моја изјава, затоа што јас немам проблем со идентитетот на народите. Немојте во мојата уста да ставате ваши зборови. Никогаш не сум рекол дека Македонците се геноциден народ – рече Села.