Во Србија на полноќ почна молкот, пред претседателските избори што ќе бидат одржани в недела. За време на молкот, кој ќе трае до недела во 20 часот, забранети се изборна пропаганда, одржување јавни собири и објавување на проценки за изборни резултати.
Според последните анкети, се очекува одзивот да биде меѓу 56 и 60 oтсто, а главен фаворит е актуелниот премиер Александар Вучиќ. Негови најголеми конкуренти се очекува да бидат Саша Јанковиќ и Лука Максимовиќ, попознат како Љубиша Бели Прелетачевиќ.