ДУИ: Ахмети свика состанок на Централното претседателство

Сподели

Али Ахмети свика состанок на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, објави телевизија 24.

Според телевизијата, на состанокот ќе се разговара за блокадата во Собранието и ќе се бараат излезни решенија, но и ќе се разговара за однесувањето на партијата БЕСА.

„Опозициската коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и БЕСА ќе биде на дневен ред“, изјавил за ТВ 24 Артан Груби од ДУИ.

Според него, БЕСА иако дала потписи за владината коалиција на ДУИ и СДСМ, сепак, со недавањето поддршка на Талат Џафери за претседател на Собранието, тие ги повлекле потписите. Од БЕСА пак кажаа дека тоа што не даваат поддршка за Џафери, не значи дека ги повлекуваат потписите за состав на нова влада.