ПРИЗМА: Сопки пред новиот почеток на државата – Димитар ДИМИТРОВ

Сподели

Наместо да се сврти кон себе, да се праша зошто остана сам, Груевски го повикува народот во одбрана на државата од платформата на својот довчерашен коалиционен партнер!

И ете ни` народ по улиците, но не со протести против режимот, како при „шарената револуција“, туку – ЗА режимот! Обезбедувајќи му живот после животот , како доказ за тоа колку длабоки корени пуштил режимот. Од гледна точка на правото, провокацијата на овие протести има карактер на повторување на делото (со оглед на обвинувањата од СЈО на раководството на ВМРО-ДПМНЕ). Истото се однесува и на недавањето мандат на Зоран Заев од претседателот Иванов.

Држењето на претседателот е доказ за деградацијата на државата во режим и, исто,претставува повторување на делото (и за Груевски како наредбодавач, и за Иванов како извршител, после масовната аболиција). Ако глетката од случувањето на народот јадосува, ако престапот на Иванов револтира, собраниската конститутивна седница се восприема и со воздишка, и со олеснување. Таа неодоливо асоцира на 24 декември 2012, како негова антиреприза, која ќе му конкурира на оригиналот по чудење во учебниците по уставно право. Имено ВМРО-ДПМНЕ тогаш насилно го избрка СДСМ од Собранието, сега не му дава да влезе! Да се етаблира како дел од новото парламентарно мнозинство, во согласност со Уставот, според азбуката на парламентаризмот. И нема место за заплашување со одење до крај, зашто е дојдено до крајот – и самото тоа заплашување е дел од крајот на несоодветниот метод, по кое неминовно следува враќање на државата. Во овој трет чин на повторување на делото како повторување на историјата, има многу логика и симболика. Кризата не` донесе таму од каде што почна. Тогаш, со метод на револуционерна организација, држава се стопи во режим. Сега, со истиот метод, режимот, делегитимиран на изборите, се разлева во револуционерна организација,каква што била ВМРО под туѓите држави. Тоа е крај, но не на државата, туку на револуционерниот метод – на нејзината негација.

И нема место за заплашување со одење до крај, зашто е дојдено до крајот – и самото тоа заплашување е дел од крајот на несоодветниот метод, по кое неминовно следува враќање на државата. Според моралните и правните норми на континентот на кој му припаѓаме, крајот во овој контекст значи завладување на правото,почнувајќи од одговорноста/санкционирањето на „кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од материјалите прибавени со незаконското прислушување“, како што гласи законот за СЈО. Затоа, осамената, самоизолирана ВМРО-ДПМНЕ нема основа да се идентификува со народот и со државата, да се повикува на волја на народот или на Уставот. Ниту би можела, хипотетички, на избори утре, да добие 63 пратеници, ниту би можела да ја одбрани Македонија, со раководство осомничено како „злосторничко здружение“, со толку непријатели надвор и дома. Устроена војнички, со паметта на Иванов и Груевски, таа си го потроши мандатот. И жално е да се слуша пак за нови избори како референдум, бидејќи такви беа, такви си ги претставуваше и Груевски, штотуку завршените избори. Неа ја снаоѓа Судот на Демократијата, пред кој, со се` што прави сега, си го зголемува гревот и си ја отежнува положбата.

Колумната на Димитар Димитров во целост прочитајте ја тука