ПЦЕР побара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да застане пред граѓаните и јасно да порача дека не бара федерализација, дека нема Уставот да се менува, дека двојазичноста ќе се спроведува според законот изгласан 2008 година, се наведува во реакцијата на ПЦЕР.
„По вчерашната изјава на Ахмети дека не гледа светлина во која се наоѓа Македонија, сакаме да му порачаме дека има светлина, само треба добра волја, од Вас господине Ахмети, да направите еден прес на кој ќе слушнат од вас граѓаните дека не барате федерализација, дека нема Уставот да се менува, дека двојазичноста ќе се спроведува според законот изгласан 2008 година кога бевте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и дека го спроведувате рамковниот договор кој е потпишан во 2001 година и дека промените ќе бидат согласно Уставот на Македонија, ништо надвор од Уставот. Тоа го имаат кажано Артан Груби и Џеват Адеми, но народот сака да го слушне од Вас, со еден ваков прес пред велигденските празници би било добро за празникот да мине во релаксирана состојба.”