Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори кои ќе се одржат на 19. мај, и покрај советот од ајатолахот Али Хамнеи да не го прави тоа.
Пријавувањето на кандидатите за претстојните претседателски избори почна во понеделникот и ќе трае пет денови, а условот за пријавување е да се биде ирански државјанин.
Се очекува сегашниот претседател на Иран, Хасан Рохани, умерен политичар кој го склучи договорот за иранската нуклеарна програма со светските сили, да се кандидира за уште еден мандат.