МАЛА СТАНИЦА: Изложба -“Религија и современа уметност“

Сподели

Мала станица, изложба: „Религијата и македонското современо сликарство“,13. април

Преку делата на македонските современи уметници, треба да се одгатнат одразите на сакралното во современото сликарство, како појава што има длабоки корени во традицијата, но идејата е токму од традицијата да се извлече златната линија, за да се откријат суштинските референци за судбината на современиот човек.

На изложбата со свои дела се застапени: Глигор Чемерски, Нове Франговски, Владимир Георгиевски, Васко Ташковски, Илија Аџиевски, Симон Шемов, Вана Урошевиќ, Павле Кузманоски, Стефан Хаџи Николов, Доне Милјановски, Димитар Кочевски – Мичо, Петар Попчев, Данчо Ордев, Гоце Божурски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Ставре Димитров-Стадим, Томе Мишев, Страхил Петровски, Јован Шумковски, Жанета Вангели, Александар Ацо Станковски, Атанас Ботев, Новица Трајковски и Вук Митевски, една плејада на македонски уметници од различни генерации.

Дел од овој проект беше претставен во 2005 година во Њу Јорк. Идејата за дополнување и возобновубање на проектот „ Религија и современо сликарство “ кој треба во наредните години кон себе да приклучи уметници од други религии ( исламот, јудеизмот, будизмот, конфучионизмот…) е да истиот прерасне во дијалог помеѓу религиите на еден специфичен и убав начин.