Високиот американски функционер ќе разговара со политичките лидери за статусот за формирање влада и реформите за евроатлантска интеграција.Неофицијално дознаваме дека Ји, нема да се сретне со шефот на државата, пренесува Дојче веле.
„Хојт Ји доаѓа за да се види и разговара со политичките лидери во врска со статусот за формирање на влада, билатералните односи и реформите потребни за евроатлантската интеграција“, велат од амбасадата, без попрецизно наведување на неговите соговорници.
Засега е извесно дека Ји ќе биде во еднодневна посета на Македонија и дека ќе се сретне со лидери на политички партии. Како што неофицијално дознава Дојче веле од партиски извори, високиот американски функционер нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Овие извори не ги знаат причините за тоа, но претпоставуваат дека се поврзани со претходниот однос на шефот на државата кон добронамерните сугестии од официјални претставници на земји-стратегиски пријатели на Македонија.
„Политичките лидери во Македонија, вклучително и претседателот, да направат сѐ што е неопходно наскоро да се формира влада без натамошно одлагање, на начин кој е во согласност со Уставот на земјата. Мнозинството во македонскиот парламент изрази волја да формира влада. Се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на мнозинството членови на парламентот што побрзо да формираат влада. На државата и треба влада која мора да ги продолжи реформите“, изјави Ји.
Тој