Плоштад Македонија: Масовен собир за поддршка на лицата со посебни потреби

Сподели

Денеска на плоштад Македонија во Скопје, со почеток во 20. часот ќе се одржи масовен собир за поддршка на лицата со посебни потреби.

На собирот, сите граѓани ќе можат да се потпишат во книгата на солидарноста, и со тоа да им помогнат на лицата со посебни потреби за исполнување на нивните барања.

Иницијативата за донесување на законски измени ја покренаа неколку родители на деца со посебни потреби, а која има за цел да им го олесни животот. Тие собраа 10 000 потписи, колку што и требаше, но родителите велат дека петицијата ќе биде отворена до петок, за да се соберат дополнителни потписи и иницијативата да влезе во собраниска процедура.