DW: Талат Џафери избран за претседател на Собранието

Сподели

Мнозинството пратеници во хаотична атмосфера попладнево го избра пратеникот на ДУИ Талат Џафери за претседател на Собранието, проследени со скандирање и песни од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Mazedonien das Parlament stimmt für die Selbstauflösung (MIA)

Со 62 гласа „За“, во драматична и хаотична атмосфера во македонското Собрание, предмалку пратениците од мнозинството го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието. Ваквиот чекор веќе го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција попладнево.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со извици „предавници“ и пеење на македонската химна се обидоа да го спречат изборот.
На изборот му претходеше тензична состојба откако речиси сите пратеници останаа во салата и покрај тоа што претседавачот Трајко Вељановски го прекина продолжението на конститутивната седница. До прекинот дојде откако пратениците најпрво ја пееја државната химна, потоа и еден од пратениците Албанци ја испеа албанската химна, а на крајот, од ВМРО-ДПМНЕ бараа „избори“ а од мнозинството „гласање“.