Демонстрантите го повредија и пратеникот Зијадин Села

Сподели

При нападот на Собранието од страна на демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“, пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села беше најмногу повреден, јавува А1.

Демонстрантите со столиците, тврди предмети и боксови ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство при што со физички повреди се здобија Зоран Заев, Дамјан Манчевски, а најповреден беше Зијадин Села.

На фотографијата која што се шири по социјалните мрежи може да се забележи како пратеникот е со крваво лице легнат на подот во Собранието.

фото a1on.mk