Пред Собранието мирно, во протестите повредени над 100 лица

Сподели

По вчерашните настани, безбедносната состојба во централното градско подрачје во Скопје, околу и во Собранието од ноќеска по полноќ е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, во протестите се повредени 109 лица.

Како што стои во соопштението, до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.

Од МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.

Според информациите од МВР, во Собрание на Република Македонија по полноќ немало повеќе граѓани, а граѓаните кои протестирале биле надвор од Собранието.