Нухиу побара повлекување од функцијата министер на МВР

Сподели

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, на денешната прес конференција најави негово повлекување, како што кажа заради чувството на морална одговорност и неговиот неуспех за 4 месечно министерување  да ја оттргне политиката во раководните структури во МВР.

Тој порача дека ќе направи се за создавање услови за трансфер на власта и ќе бара законска и кривична одговорност за раководните структури во Министерството за внатрешни работи, за вчерашните настани. Тој нагласи дека од моментот на ескалацијата г-н Митко Чавков не бил достапен за него.

-Потенцирам дека за жал е очигледно дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога, што е за секоја осуда, дел од нив место да ги почитуваат законите и да постапуваат професионално, тие постапуваа по наредба на партиски, политички штабови што е за најсилна осуда. Внатрешната контрола работи на случајот за непослушност за извршување на професионалните и законски дејности.

На крајот тој му честиташе на Талат Џафери за новата позиција, претседател на Собранието на РМакедонија.

– Ќе сториме се безбедно да има трансфер на власта во земјава – рече Нухиу.