-“Вчера имаше обид за убиство по план и добра умисла, почнувајќи од влезот, однесувањето, посочувањето, координарањето со одредени структури во Собранието”, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата по повод вчерашните настани.
-“Насилството врз новинарите и врз легитимно избраните претставници од граѓаните е потткнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта, кој носи правда и одговорност.” Тој повика на итна оставка на директорот за јавна безбендост Митко Чавков.
Заев истакна дека нема намера да присуствуваат на лидерска средба што вчера преку јавно обраќање ја свика
Тој сега очекува прво предавање на Кабинетот на новиот претседател на Собранието, потоа испраќање писмо до Иванов, а за два до три дена и да биде доделен мандатот по што ќе следи и изборот на нова влада.
-“Направивме голем чекор, избравме нов претседател и следните чекори ќе бидат кон нова реформска влада. Насилството што се случи не е демократска вредност. Им беше потребно за да ги зачуваат своите интереси да ги погазат граѓанските и државните. Тоа не е резултат на поединци, туку на остатоци од еден режим во распаѓање и насилство врз Уставот и демократијата. Вчера беше тест. Во периодот мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и држава и со совест да застанеме зад вистинските вредности и да ги одбраниме и да не подлегнеме на шпекулации кои носат раздор”.