ОЈО: Седум лица лишени од слобода, издадена е наредба за апсење на 15 насилници

Сподели

„Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично започна постапка поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 од Кривичниот законик.

Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост.

Истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на кривично – правниот настан“ се вели во соопштението на ОЈО.