Џафери си ги бара надлежностите, Вељаноски го окупира кабинетот

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери преку писмо бара услови за работа од генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски. Џафери прати известување и до сите служби на Собранието дека треба административно да профункционира работата на законодавниот дом на чело со новиот претседател, јавува 24Вести.

„За да се врати во функција Собранието и во нормална работна атмосфера претседателот Џафери ги даде последните административни насоки“,  порача претеникот Артан Груби.

И додека Џафери се обидува да ја преземе власта во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со поранешниот претседател Трајко Вељаноски се собрани во кабинетот. Оттаму Антонио Милошоски порача дека на Македонија не и потребен нелегален претседател на Собрание, нелегална Влада и создавање на паралелни институции кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици објавувајќи фотографија на сите пратеници во кабинетот на претседателот на Собранието.