„Спас за Богданци“: Референдум за рудникот во Казандол

Сподели

Граѓаните на општина Богданци на 11 јуни на референдум ќе се изјасната дали се за или против работата на рудникот за бакар Казандол кај Валандово, одлучи синоќа едногласно општинскиот совет по иницијативата поднесена од граѓанското здружение „Спас за Богданци“.

Сите 11 членови на општинскиот Совет, по пет од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и еден од ВМРО-НП ја подdржаа иницијативата од граѓанското здружение, според која треба да се чуе гласот на народот околу работењето на рудникот за бакар во соседната општина.

Иницијативата во Богданци следи откако граѓаните на општина Гевгелија на референдум со огромно мнозинство гласови се изјаснија против отворање на рудници за злато на планината Кожуф.