Могерини: Собранискиот спикер да биде над партиските и меѓуетничките политики

Сподели

-“Улогата на собранискиот спикер треба да биде над партиските и меѓуетничките политики и во интерес на сите граѓани и заедници во земјата”, истакна високата претставничка на на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на вчерашната средба со Талат Џафери во Брисел.

Во соопштението од кабинетот на Могерини се наведува дека го поздравила изборот на Џафери за претседател на Собранието и ја повторила острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во законодавниот дом кон пратениците и новинарите.

„Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, нагласувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и меѓуетничките политики, и да работи во во интерес на сите граѓани и заедници. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на итните реформски приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино“, истакналаа Могерини.

Таа нагласила и дека Европската Унија очекува сите политички партии да се ангажираат конструктивно во политичкиот процес, вклучувајќи го и формирањето влада, како и во работата на новото Собрание.