По Брегзит, Грција ќе изгуби од 800 милиони до 1.6 милијарди евра

Сподели

Грција ќе загуби помеѓу 800 милиони и 1,6 милијарди евра поради Брегзит, соопшти денеска грчката Централна банка. Според грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јоргос Кантулгалос, најголемите загуби се очекуваат во сферата на извозот и туризмот, пренесе 24 Вести.

„Ќе загубиме помеѓу 0,4 до 0,8 отсто од бруто домашниот производ. Тоа ќе биде цената по 2019 година што ќе ја плати Грција поради излегувањето на Велика Британија од Европска унија“, изјави Катрунгалос.