МВР: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

Сподели

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“.

Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за односи со јавноста на МВР.

Сите петмина суспендирани нема да ги извршуваат работните обврски додека внатрешната контрола не ја заврши целата постапка за утврдување на одговорноста.

meta.mk