АЛСАТ-М: Агим Нухиу во “Патот кон..” – Во игра за преврат била и армијата

Сподели

https://youtu.be/zP-iWCji9KY

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу објаснувајќи ги случувањата во МВР на 27 април, рече дека претходно МВР и Оперативниот штаб изготвиле три евентуални планови за протестите, но, тие пропаднале поради политичките убедувања внатре во полициските структури.

„Еднаш примив одговор од Чавков дека се преземени мерки и оти сè е под контрола и надвор од Собранието. Тој потоа ми одговори дека ова е народ и не можеме против него“. – изјави Агим Нухиу,

Министерот за внатрешни работи Нухиу додаде дека во МВР не функционирал ниту системот за регистрација на командите и тоа како што рече, уште од пред три години.

„Веднаш побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди коишто се издадени од тетра системот. Повикав германски експерт и тој процени дека два сервера не биле вклучени во апаратот за снимање и дека истиот не работи уште од 2014 година.“ Нухиу ги потврди информациите дека имало обид да се избришат снимките од безбедносните камери во Собранието.

„Двајца вработени добиле наредба од еден висок началник во УБК да влезат во Собранието и да ги земаат хард-дисковите, по што ги земале, но за среќа, имало резервни хард-дискови и ние сепак успеавме да ги земеме снимките.“

Според него, на 27 април имало сценарио кое требало да послужи како повод за прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов.

„Сценариото кое според моето мислење постоеше е да се удри по Собранието. Има и гласини кои не сум ги потврдил, односно дека полицајците се повлекле од вршење на законските должности, бидејќи слушнале дека треба да чекаат уште некое време, со цел претседателот да ја извади армијата и да прогласи вонредна состојба“, вели Нухиу.

Овие изјави министерот Нухиу ги даде за емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат-M