“ЕДНА МОЖЕ”: 15.МАЈ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Сподели

ИЗЈАВА ПО ПОВОД 15 МАЈ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Семејствата во XXI век се во различни конструкциски облици. За нормално да може да функционираат, потребни се силен граѓански сектор кој работи на темата и системски мерки соодветни за секое од нив.

Една Може (https://www.facebook.com/profile.php?id=796924347090648&ref=ts&fref=ts) е организација која е формирана и работи со самохраните родители и еднородителски семејства, вид на семејства чиј број се зголемува од ден на ден и според официјални светски статистики едно од четири семејства е еднородителско семејство.

Во Република Македонија не постои база на податоци за прашања поврзани со еднородителски семејства за што зборува фактот дека на Една може! и се одбиени точно 36 ( триесет и шес) барања за информации од јавен катрактер од  Државен Завод за статистика. Истите барања за информации од јавен карактер, има право да ги поднесе секој/а граѓанин/ка и да добие одговори. Ние, како граѓанска организација, единствена претставничка на едносродитески семесјтва во РМ, не ги добивме одговорите, иако истите, после одбивањата од Завод за статистика, беа проследени и до секоја институција релевантна по прашањето. Одговорот од сите 72 барања, беше дека РМ не располага со статистики и архивски податоци за еднородителските семејства.

Коренот на проблемите се во македонското законодавство и не постоењето на дефиниции за поимите самохран родител и еднородителско семејство. Тоа остава простор за своеволно разбирање на овие поими, стигматизација и дискриминација на самохраните родители, а понатаму и врз можноста за здобивање и користење на одредени права од социјалната правда и заштита што од своја страна значително влијае врз квалитетот на живот наеднородителските семејства а особено на децата. Оттука на овој ден 15 мај, како  Меѓународен ден на семејството би сакале да го нагласиме приоритетот од креирање на семејни политики кои ќе го препознаат овој тип на семејство, со акцент ставен на јасно и прецизно дефинирање на термините и правата кои ги засегаат и се однесуваат на еднородителските семејства.

Потребно е да се нагласи дека еднородителските  семејства во голема мера се родово засегнати (80% од носителите на родителска уога во овие семејства е жена), што значи дека неповолната позиција на жените на пазарот на трудот(во смисла на родов јаз во плати, пониска стапка на вработеност, и вработување во помалку платени работни места, мобинг од работодавци) влијае уште повеќе и е составен дел од ранливата позиција на еднородителските семејства. Врз основа на недостигот на точен број на самохрани родители или еднородителски семејства кои законски не се дефинирани уште потешко може да се дојде до точниот број на деца кои од различни причини живеат со еден родител. Оттука ние како Здружение сакаме да ја нагласиме потребата за внимателно и обмислено креирање на политики кои ги засегаат децата, односно политики кои се фокусирани на најдобрите интереси на децата што во секој случај без исклучок  подразбира дека секое дете е посебно и оттука одлуките водени од најдобрите интереси на детето треба да се носат врз индивидуална основа и со акцент на заштита на правата на детето.

Во контекст на годинашната тема на Меѓународниот ден на Семејството односно „Семејствата, образование, и добросостојба“ би сакале да ја нагласиме потребата од поддршка на еднородителските семејства преку дел од мерки:

  • Приоритет за упис во предшколска образовна институција – градинки. На овој начин ќе им се овозможи на самохраните родители и деца од овие семејства поедноставна општествена инклузија, слободен пристап до пазарот на трудот и системско вклучување
  • Поддршка преку сервиси, граѓански и државни,кои ќе воспостават добра пракса за баланс помеѓу работата – семејството и ќе им помогнат на родителите во нивната улога на воспитувачи и пружање на олеснитлени можности за живот
  • Овозможување на флексибилно работно време како загарантирано право на исполнување на одредбите за еднородителски семејства во согласност со Законот за работни односи.
  • Законско препознавање на работата во склоп на семејството, како државна мерка за избегнување на стигматизација на жените во општеството и поттикнување на мажите за еднакво учество во градењето на здрави семејни односи.
  • Соодветни можности и пристап до различни ресурси и работилници за Едукација на членовите на еднородителските семејства за нивните права.
  • Помош и поддршка на децата од еднородителски семејства во воспитно образовниот процес преку стипендии кои се исклучиво наменети за оваа категорија како и намалување на трошоци по основ –воспитно образовен процес.

Со ова ќе се допринесе кон подобрување на самиот животен стандард на членовите на овие семејства и ќе им се овозможат услови за едукација и создавање на подобра иднина.

“Игнорантноста на нашево општество, кон една огромна категорија на граѓанки и граѓани, мора да се претвори во ангажман кој ќе не одведе до рамноправен свет, за секој/а еден/на да може достоинствено да живее!”

 

ДоротиПачкова, #ЕднаМоже