Ердоган отпатува за Вашингтон, на состанок со Трамп

Сподели

Откако присуствуваше на работниот ручек, на крајот од форумот „Појас и пат за меѓународна соработка“, Ердоган со авионот „CAN“, од меѓународниот аеродром во Пекинг отпатува за Вашингтон

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја заврши официјалната посета на Кина и замина за САД, каде што ќе се состане со американскиот колега Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако присуствуваше на работниот ручек, на крајот од форумот „Појас и пат за меѓународна соработка“, Ердоган со авионот „CAN“, од меѓународниот аеродром во Пекинг отпатува за Вашингтон.

По 14-часовниот лет, Ердоган утре треба да се сретне со претседателот на САД, Трамп, а потоа ќе присуствува на состанок на проширените делегации од двете земји.

Покрај Ердоган и првата дама на Турција, Емине Ердоган, од Пекинг во Вашингтон патуваат и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за енергија и ресурси, Берат Албајрак, турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик.

Со оглед на тоа што од Анкара во Пекинг замина во саботата, потоа денес од Пекинг преку Пацификот пристигна во САД, а од Вашингтон преку Атлантскиот Океан ќе се врати во Анкара, турскиот претседател Ердоган на тој начин, за една недела со авион ќе ја обиколи Земјата.